ВНИМАВАЈТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ, СЕ ИЗВЕДУВААТ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ПАТИШТАТА НИЗ ДРЖАВАВА Од утре се асфалтира и патот Демир Капија – Давидово

И денеска од 8 до 18 часот е затворен за сообраќај патот Велес - Градско. И на овој пат од вчера почна асфалтирање на коловозот кое е планирано да трае до 8 јули.

403

Од утре до 20 јули  ќе се асфалтира патот Демир Капија – Давидово поради што ќе биде затворен за сообраќај во период од 10 до 16 часот, информира Авто мото сојузот (АМСМ).

Оттаму потсетуваат и дека и денеска од 8 до 18 часот е затворен за сообраќај патот Велес – Градско. И на овој пат од вчера почна асфалтирање на коловозот кое е планирано да трае до 8 јули.






Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на  граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поврзани содржини