Внимавајте, никој нема да биде поштеден! Ова Заев им го кажал и на првиот, и на вториот, и на сите ешалони

Претседателот на Владата, Заев, укажа дека денес антикорупциските активности се насочени кон секого и има судски завршници, за разлика од времињата кога никој од поранешната власт не беше повикан на одговорност.

751

Борбата против криминалот и корупцијата продолжува и никој нема да биде поштеден од какви било индиции или постапки коишто се незаконски и водат кон корупција или криминал, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

– Тоа важи за тие од првиот, за тие од вториот и за било кој друг ешалон, тоа важи еднакво за сите граѓани. Имаме јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните – внимавајте, затоа што сега сѐ е јавно, никој нема да биде поштеден – рече премиерот Заев.






Тој укажа на транспарентноста во државата, поради што граѓаните јавно укажуваат на сите индиции и затоа се можни уште поголеми резултати во борбата против криминалот и корупцијата.

– Најодговорни за следење се правосудните органи – рече премиерот Заев. Tој во однос на надлежностите на вицепремиерот кој традиционално управува со човечки ресурси и одржливиот развој, објасни дека прв пат има добиено задача и за борба против криминалот и корупцијата, поради намерата на Владата недвосмислено да се помогне борбата против криминалот и корупцијата на независните и истражни органи, коишто се борат против корупцијата.

– Администрацијата за мене се и премиерот и министрите и замениците министри и секако и јавната администрација, сѐ со конечна цел да бидам попрецизен. Недвосмислена и јасна порака секогаш сум испраќал и денес испраќам: законот важни еднакво за сите. Дополнително, плус етички – не само кривично, се одговорни носителите на јавните функции, колку се повисоко на функциите во ешалонот, затоа што од нив се очекува да бидат пример и не само да бидат пример, туку и да го помогнат целиот овој процес на најотчетно и најодговорно ниво – додаде премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, укажа дека денес антикорупциските активности се насочени кон секого и има судски завршници, за разлика од времињата кога никој од поранешната власт не беше повикан на одговорност.

Премиерот на седницата зборуваше и за заложбите на Владата за професионална и ефикасна јавна администрација, поради што ги повика опозицијата и општо пратениците, на есен да ги поддржат реформите во јавната администрација коишто се изготвени од експерти, а во насока максимално професионално да им служи на граѓаните.

Поврзани содржини