ВНИМАВАЈТЕ НА ПОПЛАВИ, ДОАЃА ПОТОП СО ГРОМОВИ И СИЛЕН ВЕТЕР Портокалово предупредување за силно невреме од УХМР

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на квадатен метар, предупреди УХМР.

2,704

Целата територија на Македонија е во опасност од силно невреме. Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово предупредување за повеќе региони, а онаму каде не е портокалово, предупредувањето е на жолто ниво. Алармот важи во текот на денот и претстојната ноќ.

„Под влијание на циклонска активност следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на квадатен метар“, предупреди УХМР.






Во Скопје во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

„Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме“, соопшти Управата.

Поврзани содржини