Внимавајте на патиштата, снег на Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

252

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Стража, Кула, Плетвар, Ѓавато, Маврово, Попова Шапка, Пресека, Граничен премин Делчево и Крива Капалнка – Граничен премин Деве Баир. Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






АМСМ потсетува дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Поврзани содржини