ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТИШТАТА Поради снег има забрана за камиони на превојот Стража и на патот кон Попова Шапка
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради обилни врнежи од снег воведена е забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево, а на патниот правец Тетово – Попова Шапка е забранет сообраќај за камиони и автобуси. За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема, информира Авто мото сојузот (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.