ВНИМАВАЈТЕ НА ДЕЦАТА! Опасен отров расфрлан во Карпош, угинуваат кучиња

Од ЦУК информираат дека на крстосницата на ул. Варшавска со бул. 8 Септември, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.

239

Опасен отров е расфрлан на територијата на Општина Карпош за да се трујат улични кучиња, информира Регионалниот ЦУК – Скопје.

Според информациите од ЦУК на Единствениот број за итни случаи Е-112 добиле информација дека на крстосницата на ул. Варшавска со бул. 8 Септември, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.






„Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и Полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид“, соопштија од ЦУК.

Поврзани содржини