ВНИМАВАЈТЕ, КАРПИ ПАЃААТ НА ПАТЕКАТА ВО КАЊОНОТ МАТКА Опасни одрони во популарниот споменик на природата

Општината Сарај ги информира жителите, локалните и странските туристи, како и сите здруженија дека при движењето по патеката на Матка треба да се внимава поради ризик од одрон на камења.

0

Во кањонот Матка има одрони на карпи, граѓаните треба да се исклучително внимателни.

Општината Сарај ги информира жителите, локалните и странските туристи, како и сите здруженија кои планираат активности во оваа област, дека врз основа на одлуката на Дирекцијата за заштита и спасување, при движењето по патеката на Матка треба да се внимава поради ризик од одрон на камења.






Општината информира и дека Дирекцијата за заштита и спасување постави знаци што означуваат одрон на камења во опасни подрачја.

Забраната стапува на сила веднаш и ќе трае до понатамошно известување.

„Се замолуваат сите граѓани и посетители да ја почитуваат одлуката за сопствена безбедност. Во спротивно, во случај на несреќа поради непочитување на правилата, одговорноста останува на оштетениот“, апелира Општина Сарај.

Поврзани содржини