ВНИМАТЕЛНО ПО ВЛАЖНИТЕ КОЛОВОЗИ Магла надвисна во Битола и Прилеп

Поради појава на магла во Битола и Прилеп видливоста е намалена од 50 до 100 метри, информира АМСМ.

54

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла во Битола и Прилеп видливоста е намалена од 50 до 100 метри, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.в

Поврзани содржини