ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА Утрово магла има на планинските превои и во неколку градови

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

194

 Утрово намалена видливост и појава на магла има на повеќе патни правци. Во околината на Смојмирово и Буково видливоста е до 50 метри, на превојот Ѓавато до 80 метри, во Струмица до 100, Тетово до 40 метри, Петровец  до 150 и во Делчево до 50 метри.

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.






Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува брзината на движење да се прилагоди кон условите на патот, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини