ВНИМАТЕЛНО НА ЃАВАТО, ПЛЕТВАР, СТРАЖА И КРУШЕВО Намалена видливост поради густа магла

Наместа видливоста на овие планиснки превои не надминува 50 метри, па се препорачува внимателно управување со возилата.

0

Намалена видливост поради магла до 50 метри вечерва има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, информира Автомото сојузот на Макеоднија и препорачува внимателно возење на овие делници.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.






Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Поврзани содржини