ВНИМАНИЕ, СООБРАЌАЈНИТЕ КАЗНИ ВО ГРЦИЈА СЕ СОЛЕНИ Ако не платите, казната може да ве чека при следниот влез во земјата

Казната може да не ви биде пратена дома, но ќе ве чека при следен влез во земјата. Ако не е застарена, мора да ја платите. Постојат регистри во рамките на ЕУ и можно е да бидете казнети во која било земја, пишува Никана.

1,194

Ако патувате до Грција ова лето и не ги почитувате правилата, подгответе се за високи казни. На патиштата има повеќе полицајци и камери, а првата е по Евзони пред исклучокот за Солун, рутата што често ја користат македонските туристи.

На веб-страницата Никана беа објавени казните во сообраќајот кои важат веќе 7 години според новиот закон.






Возење под дејство на алкохол: 78–1.200 евра

Брзо возење (до 20 км/ч над дозволеното): 100 евра

Црвено светло и претекнување на полна линија: 700 евра

Возење без појас: 350 евра

Неправилно паркирање: 40–80 евра

Користење мобилен телефон при возење: 100 евра

Пушење во возило со дете под 12 години: 1.500 евра и одземање возачка дозвола

За разлика од порано, во Грција повеќе не постои можност да ја платите казната во половина износ во рок од 10 дена. И не се надевајте дека ќе поминете неказнети – ако информацијата уште не стигнала до граничниот премин, тоа не значи дека сте „чисти“.

„Казната може да не ви биде пратена дома, но ќе ве чека при следен влез во земјата. Ако не е застарена, мора да ја платите. Постојат регистри во рамките на ЕУ и можно е да бидете казнети во која било земја“, пишува Никана.

Грција од 1 април воведен ново правило за тивки часови во летната сезона, со што попладневниот мир е од 15 до 17:30 часот, додека ноќниот е од 23 часот до 7 наутро. Правилото за тивки часови ќе трае до 30 септември.

Плусинфо веќе пишуваше и за дополнителната туристичка такса за престој, со цел да се заштити културното наследство и локалната инфраструктура од масовниот туризам.

 

Поврзани содржини