ВНИМАНИЕ, ПАЃАЛЕ ЛЕДЕНИ ЗРНА ВРЗ НЕКОИ ПАТИШТА! Зрната предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите

ЦУК апелира возачите да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

729

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја известува јавноста дека денеска во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.

ЦУК апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

 

Поврзани содржини