ВНИМАНИЕ, ДРАКОНСКИ КАЗНИ ВО ГРЦИЈА Не палете цигара во автомобил, ќе ве чини 1.500 евра!
Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ, се вели на веб-страницата nikana.gr.
Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Српските медиуми објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го пореметат летниот одмор.
Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата:
Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра
Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра
Неносење појас – 350 евра
Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра
Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун.
А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:
„Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ“.
Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас.
А какви се актуелните сообраќајни казни во Македонија?
Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра
Поминување на црвено светло – 300 евра
Некористење појас – 20 евра
Непрописно паркирање – 45 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра
Дневно возење без дневни светла – 35 евра
Во соседна Бугарија казните се следните:
Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра
Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра
Поминување на црвено светло – 25 евра
Неносење појас – 25 евра
Непрописно паркирање – до 102 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра
Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра