Внимание: Автомобилите „Тесла“ не разликуваат жолто светло од полна месечина!

Ова не е првпат автопилотот на „Тесла“ да препознава бои или натписи за сообраќајни знаци. Пред некое време, еден возач се жалеше дека неговиот автопилот кочи секојпат кога ќе види билборд на кој е напишано „Стоп“. Билбордот бил за некој реклама, а компјутерот едноставно ги чита буквите.

1,667

Сте размислувале ли некогаш да купите „Тесла Модел 3“? Можеби последните „гличови“ на нивниот автопилот ќе ве премислат во одлуката.

Додека американецот Јордан Нелсон шибал со 100 км/час, неговата „Тесла“ продолжила „право на жолто светло“, не разликувајќи ја полната месечина од семафор. Но, за среќа, не загрозила ниеден живот, пренесува Футуризам.






За грешката возачот веднаш му се пожалил на Илон Маск на Твитер, но одговор уште не добил.

Видете го неговото видео на Твитер, каде се гледа како автопилотот мисли дека месечината е серија на бесконечни жолти светла.

 

Ова не е првпат автопилотот на „Тесла“ да препознава бои или натписи за сообраќајни знаци. Пред некое време, еден возач се жалеше дека неговиот автопилот кочи секојпат кога ќе види билборд на кој е напишано „Стоп“. Билбордот бил за некој реклама, а компјутерот едноставно ги чита буквите.

Видете го постот на човекот кој се жалеше за билбордот.

Се чини дека развивањето на автономна кола е потешко и поопасно одошто се мислеше. Колата на човекот што возел на полна месечина можела наеднаш да сопре на „жолто светло“, а претходно „Тесла“ веќе демонстрираше други вакви грешки. На пример, во следното видео, автопилотот нагло ја свртува колата токму во правецот каде има најмногу сообраќај.

Поврзани содржини