ВМРО-НП ПРОТИВ БАДНИКАРСКИТЕ ОГНОВИ „Таквото славење беше наметнато за време на српската окупација“

Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација. Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротивставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство, се вели во соопштението на партијата.

294

„ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа се помага да не се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет“, се вели во соопштение на партијата до јавноста и се додава:

„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација. Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротивставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство“.

Поврзани содржини