ВМРО-НП: Георгиевски се обиде да објасни дека има напредок во македонско-бугарските односи

683

Господинот Георгиевски се обиде да го објасни неговото мислење и позиција дека сепак во македонско-бугарските односи има напредок и стави посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо, сепак има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од страна на нашите соседи.

Ова е наведено во соопштението од ВМРО-Народна партија, која денеска соопшти дека претседателот на партијата, Љубчо Георгиевски, при својата посета во соседна Бугарија остварил средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов, а притоа имал интервјуа и настапи за повеќе медиуми.






„Од страна на соговорниците беше потенцирано дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, дека не бараат нов посебен договор, но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со посебен акцент на историската комисија.

Притоа на крајот се заклучи дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската унија“, се додава во соопштението од ВМРО-НП.

Поврзани содржини