ВМРО-НП до Владата: Дозволете увоз и употреба на брзи ПЦР тестови

780

ВМРО-Народна партија по трет пат ја повикува Владата да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови, соопшти партијата.

– Ваквите тестови се продаваат во аптеките во скоро сите наши соседни земји, а како што разбравме, од неодамна во Германија таквите тестови можат да се купат и во маркетите. Овие тестови покрај тоа што се многу поевтини, даваат и брза информација на секоја личност за неговата состојба со што се овозможува директен прекин на ланецот на ширење на заразата – велат од ВМРО-НП и додаваат дека со воведувањето на овие тестови македонскиот граѓанин може само да добие, а никако да изгуби.

 

Поврзани содржини