ВМРО-Народна партија смета дека Владата треба да дозволи увоз на сите одобрени вакцини од страна на Светската здравствена организација, а граѓаните да бидат тие кои ќе одберат каква вакцина сакаат да примат.
– Со увозот на сите регистрирани вакцини ќе се скрати времето на чекање, можноста за закрчување на здравствените институции еднаствно и полесно регулирање на целиот процес на вакцинирање – велат од партијата и додаваат дека здравјето не е прашање на политика и затоа треба да се постапи според интересот на граѓаните и врз основа на тоа што може да даде најдобра здравствена заштита.