ВМРО-ДПМНЕ ЗАГРИЖЕНА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА УЧЕБНА ГОДИНА Нема учебници, свидетелства, а не се знае и како ќе се одвива
Од партијата велат дека на 10 дена пред почетокот на годината Министерството за образование нема никакви подготовки за учебната година.
ВМРО-ДПМНЕ е загрижена за текот на учебната година бидејќи иако се најавени нови учебници не се испечатаени ниту за основно ниту за средно образование, нема ниту свидетелства за завршена година, а не се знае како ќе се изведува наставата.
Како што се наведува во соопштението од партијата, на 10 дена пред почеток на учебната година од Министерството за образование не стигаат никакви информации за подготовките. Граѓаните не знаат како ќе се одвива наставата.
Можеби ќе ве интересира
„Мила Царовска, сѐ уште размислува за сценарио односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн.На десетина дена пред почеток на учебната година ниту родителите, ниту наставниците па ниту на учениците не им е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование.Учебници за останатите одделенија, но и за средните стручни училишта кои не се по новата Концепција исто така нема“, се вели во соопштението.
Од партијата потсетуваат и дека учениците и пред почетокот на новата учебна година не ги добија свидетелствата за веќе завршената.
„На десетина дена пред почеток на учебната година Царовска потфрли и со свидетелствата коишто уште не се напишани и најверојатно ќе се пишуваат во последен момент“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.