ВМРО-ДПМНЕ ЗАГРИЖЕНА ОД ПОРАЗИТЕЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ ФАКТИ Инфлацијата е највисока во регионот, а земјата тоне во сиромаштија
Со други зборови, констатираат од партијата, народот во Македонија тоне во сиромаштија што е уште еден во низата поразителни економски факти за земјата во време на власта на СДСМ и на Димитар Ковачевски.
Во ноември во Македонија измерена е стапка на инфлација од 19,5 отсто што е највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во цела Европа. Ова покажувa дека трошоците за живот во Македонија најмногу растат, а стандардот на граѓаните најбрзо се смалува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со други зборови, констатираат од партијата, народот во Македонија тоне во сиромаштија што е уште еден во низата поразителни економски факти за земјата во време на власта на СДСМ и на Димитар Ковачевски.
-Македонија за година ипол има повеќе од 12.000 затворени компании. Економската активност е сериозно забавена и според проценките на Светска банка, ќе има најмал раст на БДП во 2022 година во цела Европа, а од нас полоши ќе бидат само Русија и Украина кои се во војна. Дополниелно Македонија се соочува со огромна стапка на сива економија од 33 отсто што е далеку полоша и од Косово и од Албанија. Македонија се наоѓа на дното по привлекување на странски инвестиции, па така Косово, Албанија и Србија имаат двојно, па и тројно повеќе СДИ по глава на жител од нас – велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, земјава во секој сегмент има најлоши економски резултати и затоа треба оваа власт поскоро да си замине.