ВМРО-ДПМНЕ: Заев се подготвува за изборен поткуп, повторно ќе ги задолжува граѓаните

Според партијата, со ова задолжување секој граѓанин ќе се задолжи со нови 22 000 денари.

898

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 000 000 евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите со што се спрема за нов поткуп, велат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, со ова задолжување секој граѓанин ќе се задолжи со нови 22 000 денари.






– Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 000 000 000 евра од кои скоро 3 000 000 000 евра се задолжени во последните четири години.Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул.Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе се задолжува државата, ако не само за поткуп пред избори – велат о ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Заев треба да ѝ објасни на македонската јавност каде потроши 2 000 000 000 евра за кои се задолжи лани, како и каде ќе ги потроши новите 700 000 000 евра.

– Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини