ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна, фирма на Вице вмешана во криминал од 200 милиони евра

1,384

Зоран Заев призна, фирма на Вице Заев е вмешана во криминал тежок 200 милиони евра. Имено фирма каде Вице Заев е косопственик земала кредити од сега пропаднатата Еуростандард банка, тоа го призна лично Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Самиот Заев негираше првин дека фирми на неговото семејство се вмешани во скандалот со Еуростандард банка, за откако почнаа да излегуваат сведоштва и докази, призна дека се дел од 200 милионската афера. Илјадници штедачи се уште ги чекаат своите пари, животните заштеди на некои луѓе пропаднаа преку ноќ, а фирми на Заев и ним блиски луѓе земале кредити без покритие. Заеви и ним блиски луѓе се богателе на сметка на штедачите чии пари ги нема, затоа што завршиле како пласирани кредити без покритие – велат од партијата.






Според ВМРО-ДПМНЕ, ова сведоштво на Заев е скандалозно само по себе и Заев доколку имал грам совест после пропаѓањето на банката ќе си поднел оставка, но тоа не се случило затоа што партискиот и политичкиот интерес на Заев му се пред државниот. Одговорност за криминалот во Еуростандард банката, како и во сите криминали во овие 100 дена влада, но и пред тоа мора да има. За да има одговоеност, треба Заев човекот кој го држи системот заробен да си замине.

 

 

Поврзани содржини