ВМРО-ДПМНЕ: Заев прави кривично дело и ги тера пратениците да кршат изолација
Сѐ што прави Зоран Заев денеска е само театар, а за неговата претстава да биде целосна ги тера пратениците да прават кривично дело, да го загрозуваат јавното здравје и да кршат здравствени прописи за време на пандемија. Главното прашање е зошто пратениците може да ја кршат изолацијата, а граѓаните се затворени дома?, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од ковид-19 од изолација во скафандери да одат во Собрание, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска позитивна на вирусот денеска дојде во Собранието во скафандер.
„Зоран Заев е лицемерен и манипулативен. Талат Џафери и владеачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар. Сѐ што прави Зоран Заев денеска е само театар, а за неговата претстава да биде целосна ги тера пратениците да прават кривично дело, да го загрозуваат јавното здравје и да кршат здравствени прописи за време на пандемија. Главното прашање е зошто пратениците може да ја кршат изолацијата, а граѓаните се затворени дома?“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата нагласува дека со ова СДСМ и Заев прават кривично дело.
„Заев свесно го прави ова и за истото ќе има одговорност, доколку беше чесен и искрен мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата“, се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.