ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо да чекори со „квантни скокови” да направи мал исчекор за народот

389

Зоран Заев е неспособен да го реализира тоа што го ветил и затоа го манипулира народот со нереални ветувања реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на премиерот поврзана со реализираното на планот на владата во 2020 година.

Од партијата велат дека наместо заев да чекори со „квантни скокови”, треба да направи само еден мал исчекор во 2021 со кој:
– ќе ги вратите луѓето кои ги изгубија своите работни места во 2020 година,
– ќе ги спасите компаниите кои секојдневно ставаат клуч на врата со што ќе спречите дополнителни отпуштања од работа во 2021 година,
– ќе обезбедите стапка на раст за толку колку што ќе биде рецесијата годинава,
– ќе го консолидирате јавниот долг со тоа што буџетскиот дефицит нема да биде поголем од стапката на раст на економијата во 2021,
– конечно ќе го достигнете нивото на просечна плата од 30.000 денари, нешто што со години го ветувате,
– ќе го сопрете одливот на странски инвестиции што реално се случува во изминатите неколку квартали,
– ќе ја подобрите бизнис климата за да не почнат и домашните инвеститори да го селат својот капитал од земјава, веќе има такви најави,
– конечно ќе го прекинете негативниот тренд на пад на продуктивноста, нешто што ви се случува од кога сте на власт,
– ќе обезбедите 150 милиони евра поддршка за домашните компании со цел зголемување на конкурентноста, нешто што го ветувавте пред изборите,
– ќе реализирате капитални инвестиции над 10% од вредноста на буџетот, нешто што не ви се случило од кога сте на власт,
– ќе ја намалите сиромаштијата под 20%, ветување кое во изминатите четири години не го остваривте,
– ќе ги реализирате во целост антикризните мерки што ги донесовте.






Но, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ,  Заев, во услови кога знае дека неговиот капацитет е недоволен да ги реализирате овие реални работи, се обидува да манипулира.

 

Поврзани содржини