ВМРО-ДПМНЕ: Заев мислеше дека тепач на жени и лустриран кодош на службите ќе „помине“ во САД за амбасадор!

1,223

Уште еден пораз на земјава донесен од Заев. Љубомир Фрчкоски не може да биде амбасадор на земјава во САД особено што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби. На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ по објавата на нејзиниот пратеник Антонио Милошоски дека САД имаат забелешки на владиниот предлог – Фрчкоски да биде испратен за амбасадор во Вашингтон.

„Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчкоски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата. Заев е магнет за неспособни кадри. Љубомир Фрчкоски беше министер за внатрешни работи кога се случи нерасветлен атентат на претседателот Киро Глигоров и кога на големо се случуваше шверц на цигари и нафта. Со неговото име се врзуваат сите скандали од транзицијата од чие време потекнува и кариерата на аболираниот криминалец Зоран Заев. Со ова се покажува несериозниот однос на земјава кон најсериозните дипломатски прашања“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини