ВМРО-ДПМНЕ: Заев извршил кривично дело, пораките на Боки се доказ

1,755

На скандалите поврзани со Зоран Заев им нема крај. Лагите на Заев кој ги ветуваше и пласираше во јавноста излегуваат на виделина. Заев ветуваше правна држава, а добивме обвинителство и судство каде без него не може да се одлучи дали некој криминалец ќе оди во затвор или не. Во која држава во светот премиер одлучува кој ќе оди во притвор, а кој не. Ова стана секојдневна рутина на Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев стана како поговорката „Кадија те тужи, кадија те суди“. Денес во судницата јасно се потврди влијанието  на Зоран Заев врз одлуките на судиите, како тие треба да одлучат и каква одлука да донесат. Пораките презентирани денес во судот, во случајот „Меѓународен сојуз“ откриваат како Зоран Заев директно се меша во одлуките на судот и обвинителството. Во презентираните пораки Зоран Заев вели – „Јас ќе замолам во ЈО и Суд да доделат полесна мерка, да не биде затвор”.  „Другар, има докази за Јасна, ми кажуваат. Но ќе се обидам да не е притвор”.  „Нема да оди во притвор”. Од Зоран Заев зависи кој, колку и дали ќе оди во притвор. Заев има извршено кривично дело според Кривичен Законик на Република Македонија член 359 каде што извршил директно влијание и ја искористил својата премиерска положба да се вмеша во одлуките на правосудните органи и да влијае да обвинетата Мандиќ не оди во затвор.Премиерот во заминување за ова ќе се казни од народот. Граѓаните на Заев ќе му пресудат во името на законот и Уставот. Крајот на Зоран Заев е се поочигледен – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини