ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ не се способни да ја извлечат економијата од целосен крах

Според опозициската партија крахот на економијата е факт кој го потврдуваат и официјалните институции.

214

Крахот на економијата е факт на што укажуваат и официјалните податоци според кои приходите од даноци се намалени, а намален е и прометот  што укажува дека компаниите набрзо ќе покажат неликвидност. Изминатиот период се отпуштени 40.000 работници, тврдат од  ВМРО-ДПМНЕ од која сметаат дека за состојбата е виновна владата која одсега и сега ја води СДСМ и Зоран Заев.

Оттаму додаваат дека оваа власт заедно со Заев не може да ја извади државата од кризата, затоа што тие со нивните одлуки доведоа до кризата.






– Заев со 40.000 невработени ја турка државата кон грчко сценарио. Неспособноста на Заев да менаџира предизвика 1 милијарда евра нов долг, со што го задолжи секое семејство за 2000 евра, за само 3 месеци. И наместо пари за фирмите и граѓаните, Заев и Нина Ангеловска дела пари на своите фирми. Додека граѓаните и фирмите се соочуваат со неликвидност функционерите на власта исплаќаат помош на свои фирми. Резултат како што вели самиот Заев – можеби се 22, можеби 30 илјади, а во реалноста се повеќе од 40 илјади отпуштени работници – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија крахот на економијата е факт кој го потврдуваат и официјалните институции.

– Денеска стигна и официјален податок дека приходот во буџетот од даноци во август, месец на одмори и кој вообичаено се одликува со зголемен промет во земјата, но Заев има намалена наплата на ДДВ за цели 14%, тоа значи дека прометот во земјата е намален и има намалена економска активност. Од друга страна данокот на добивка на фирмите е намален за 28.9%, што е пад за 1/3 и што алудира дека голем број на фирми ќе се соочат со нелеквидност. Дополнително падот во персоналниот данок на доход од 10%, говори за отпуштањата и намалените примања – додаваат од партијата.

Оттаму заклучуваат дека  СДСМ ја уништи економијата и уште една криза ќе значи целосен крах за економијата.

Поврзани содржини