ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче само бројат загубени животи и лажат дека епидемијата е совладана

Додека сите бележеа пад на бројот на заболени и починати, во Македонија се зголемуваше нивниот број, а не знаат ниту како понатаму со оној тн. есенски бран на корона.

555

Република Македонија е црна дупка во регионот и во Европа во однос на бројот на заразени и починати од корона вирусот.Граѓаните се оставени само на себе, а Зоран Заев и Венко Филипче само ги бројат загубените животи и лажат дека епидемијата е совладана и дека состојбата ја имаат под контрола, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Зоран Заев и владата предводена од СДСМ немаат план како да се организира здравствениот систем.






„Додека сите бележеа пад на бројот на заболени и починати, во Македонија се зголемуваше нивниот број, а не знаат ниту како понатаму со оној тн. есенски бран на корона. Владата предводена од СДСМ нема план ниту за справување со економските последици кои произлегоа од корона кризата, а економските последици стануваат се повидливи од ден на ден.Извозот на стоки од државава во периодот јануари ‒ јуни падна за 24 проценти во однос на истиот период од претходната година. Заев и Владата предводена од СДСМ  за само три месеци го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително Владата продолжува со ново задолжување“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Зоран  Заев и Владата на СДСМ знаат да спроведуваат само лоши политики, а на граѓаните и на Македонија им е потребен план и стратегија за справување со кризата.

Поврзани содржини