ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче нема да можат да се справат со третиот пик наесен
Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава! Македонија ќе победи, наведено е во партиското соопштение.
Зоран Заев и Венко Филипче го урнисаа македонското здравство. И поради тоа имавме втор пик на коронавирус во јуни, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Лошото управување со здравствениот систем го платија граѓаните на Македонија. Катастрофата која што ни се случуваше е заради Зоран Заев и Венко Филипче кои наместо да остават експертите да си ја работат својата работа се замешаа со политика во здравството. Заев и Филипче предизвикаа директна штета на целиот систем. Поради лошите политики на Заев и Филипче, Македонија е уште затворена држава во услови кога сите во регионот и Европа ги отворија границите. Македонија служи само како транзит на странски државјани кои ќе одат на одмор за Грција или некоја друга држава од соседството. Заев и Филипче се покажаа целосно неспособни и не знаеја да се справат со вирусот. Зоран Заев и Филипче нема да можат да се справат со дополнителен трет пик наесен. Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава! Македонија ќе победи“, наведено е во партиското соопштение.