ВМРО-ДПМНЕ: Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско Езеро
Според партијата Заев и во минатото ширел лажни вести и за несреќата на Никола Младенов и убиството на Мартин Нешковски.
Зоран Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско Езеро за сопствени политички поени. Зоран Заев без тронка срам злоупотреби еден трагичен случај, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Зоран Заев за политички цели ги лажел семејствата на убиените деца кај Смилковското Езеро.
– Каде исчезнаа лажните вести на Заев, дека невини лица лежат во затвор, каде исчезнаа така наречените бомби кои ќе ја открија вистинската приказна на Зоран Заев – прашува ВМРО-ДПМНЕ
Оттаму додаваат дека по скоро 6 години од бруталните лаги од страна на „монструмот“ Заев вистината испадна на виделина.
-Таа е иста како претходно, сторителите на овој грозоморен чин се пред лицето на правдата.Зоран Заев е ноторен лажго, кој е спремен на се, се со цел да добие некој ситен политички поен, или да си ја спаси сопствената кожа од одговорност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата Заев и во минатото ширел лажни вести и за несреќата на Никола Младенов и убиството на Мартин Нешковски.
-„Монструмот“ Зоран Заев овие трагедии во минатото ги користеше во неговата партиска агенда, поигрувајќи си со чувствата на многу фамилии.За сите овие лажни вести, ширење на меѓуверска нетрпеливост и играње со чувствата на многу Македонци, за многу брзо време Зоран Заев ќе се соочи со гневот на народот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.