ВМРО-ДПМНЕ: Заев е некрофил кој сака да брои жртви
Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, наведено е во партиското соопштение.
Заев е некрофил кој сака да брои жртви наместо гласови за да си ја задржи фотелјата која му обезбедува пари, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДСМ сака да оди на избори кои ќе бидат кланица за граѓаните, особено повозрасните и хронично болните. Заев не го есапи здравјето на граѓаните, на Заев му е единствено битно да продолжи да дели лиценци за марихуана додека луѓе умираат и да се расфрла со тендери на нему блиски фирми. Доколку му беше важно здравјето на граѓаните немаше денеска во ден кога броиме над 100 жртви да заговара брзи избори, а гледа дека ситуацијата со заразени не стивнува, а смртноста расте. Заев и СДСМ се единствен политички субјект кој сака брзи избори. На сите лидери на политички партии поважно им е здравјето на граѓаните, само на Заев неговите милиони и фотелјата. Заев покажува дрскост од невидени размери. Сите држави од западниот свет како што е примерот со Франција ќе одат на избори со политички консензус и со однапред цврсти уверувања од здравствените власти, само Заев во стилот на средновековен феуд се однесува со луѓето и нивното здравје како да се негова сопственост“, се вели во соопштението.
Таму е наведено дека денешната изјава на Заев била само уште еден доказ за неговата криминогеноста и антидржавен карактер.
„Со Зоран Заев и СДСМ Македонија не може да очекува просперитет, туку стагнација. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, наведено е во партиското соопштение.