ВМРО-ДПМНЕ: Заев доби „НЕ“ од 25.000 граѓани за фалсификуваниот попис

Според опозициската партија, пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција.

573

На над 300 пунктови во државата вчера се собрани над 25.000 потписи со кои се бара поништување на законот за попис, објави ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

– Граѓаните масовно излегоа и без страв го кажаа својот став. Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа „не“ на Заев за фалсификат попис. Граѓаните му ја упатија пораката на Заев. Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по пораката која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис. Народот јасно кажа дека не е предмет за политички поткусурувања. Народот не е на пазар за некој со него да подмирува сметки. Тоа што Заев го договорил како коалициски договор, нека најде друг начин да си го подмири – пишува во партиското соопштение.






Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција.

– Заев има можност да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и да организира електронски попис. Само така ќе се добие реална слика за бројот на населението, густината, верската, етничката и друг вид на припадност. Со спроведување на електронски попис државата ќе има јасни податоци врз основа на кои ќе може да се прават среднорочни и долгорочни стратегии – додаваат оттаму.

Поврзани содржини