ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не бара изговори, нема преговори со Бугарија без донесена Резолуција

Од опозициската партија велат дека доколку СДСМ и ДУИ се искрени кон народот Резолуцијата треба да ја прифатат веднаш.

312

ВМРО-ДПМНЕ и денеска потсети дека прво треба да се донесе Резолуцијата во Собранието па да се продолжат преговори со Бугарија. Опозициската партија бара СДСМ и ДУИ да не изнаоѓеаат најразлични изговори за да го избегнат нејзиното донесување.

„Зоран Заев до сега покажа дека нема кичма и без јасна рамка Македонија е загрозена. Резолуцијата е резултат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ ОА, и како таква ги штити темелите на јазикот, идентитетот и нацијата. Доколку СДСМ и ДУИ се искрени кон народот Резолуцијата треба да ја прифатат веднаш. Се што ќе биде во насока на минирање на нејзино донесување ќе покаже дека имаат задни намери.СДСМ еднаш нека го стават својот, зад интересот на државата. Доколку и овој пат политизираат штетите по Македонија ќе бидат големи“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини