ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже со кои лица имал тајни средби мафијашот Седат Пекер во Владата

384

Седат Пекер алијас Џадин Ахмедоски имал лична карта со украден идентитет. Воедно видовме дека Џадин Ахмедовски имал и втор матичен број на име Џеладин Ахмедовски. Значи Седат Пекер ги обединува аферите Мафија 1 и Мафија 2, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зошто Седат Пекер го бара Турција, а Спасовски не? Дали е точно дека турскиот мафијаш Седат Пекер имал средби со официјални лица во Владата на Заев? Зоран Заев да каже со кои луѓе во зградата на Владата имал средби, на кои теми разговарале и како се случи по наводното негово протерување од земјава тој во полициска станица да се слика за лична карта?Какви бизниси договарал Заев во Владата и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице – прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини