ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Бочварски и Николов да не лажат дека градат брана, бидејќи не е завршена експропријацијата
Опозициската партија тврди дека граѓаните од Штип, сопственици на имот во месноста каде ќе се протега браната, сѐ уште никој не ги контактирал, да ги извести дека на нивниот имот треба да се изгради брана и вештачка акумулација.
Власта нема извршено експропријација на земјиште, а лаже дека ќе гради брана на Отиња, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното почнување на изградбата на браната.
Од партијата велат дека сопствениците на земјиштето каде што се најавува изградбата на браната се уште не се контактирани.
– Зоран Заев, Благој Бочварски и Сашко Николов да не ја манипулираат јавноста дека ќе градат брана на реката Отиња. Власта сѐ уште ги нема решено имотно – правните односи. Експропријација на земјиштето сѐ уште нема. Дали и овој проект треба да заврши како незавршената пруга кон Бугарија? Граѓаните од Штип, сопственици на имот во месноста каде ќе се протега браната, сѐ уште никој не ги контактирал, да ги извести дека на нивниот имот треба да се изгради брана и вештачка акумулација. Ова единствено асоцира на узурпација на приватен имот од страна на државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека нНаместо само сликање пред ископи Заев, Бочварски и Николов да објаснат на засегнатите граѓани – кој ќе ги обештети?
– Зошто Заев, Бочварски и Николов кои имаа време цели четири години не ја направија браната на Отиња, туку чекаа до пред избори? Ова е уште една лага на Заев која ќе држи до избори – велат од ВМРО-ДПМНЕ.