ВМРО-ДПМНЕ: Заев без срам му дава насоки на Луј Витон судството за криминалот во „Рекет 2“

Во истиот случај со Дијамед длабоко се заглавени и министерот Филипче и омилениот криминалец на власта, Зоран Милевски кои изнудувале пари од оваа фирма. Сега Заев без срам јавно дава насоки на правосудните органи како да го водат случајот, и како да ги амнестираат неговите соработници од криминалот во кој се фатени на дело, вели ВМРО-ДПМНЕ

700

Денес целата јавност виде како скандалозно Заев нарачува судски ослободителен епилог за еден очигледен криминал направен од неговата валст. Тоа покажува дека  Луј Витон правосудството на Заев продолжува да работи по насоките на Зоран Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, Заев денес за случајот со дијализите, односно случајот „Рекет 2“, „дава насоки да се забошоти случајот во кој негови блиски соработници, ако не и самиот тој, се директно  фатени во милионски криминал“.






„Токму поврзано со овој случај во јавноста се појавија видео материјали во кои  поранешниот директор на ФЗОМ зема снопчиња пари и ги става во својата чанта. И наместо затвор истиот тој беше награден со апанажа. Во истиот случај со Дијамед длабоко се заглавени и министерот Филипче и омилениот криминалец на власта, Зоран Милевски кои изнудувале пари од оваа фирма. Сега Заев без срам јавно дава насоки на правосудните органи како да го водат случајот, и како да ги амнестираат неговите соработници од криминалот во кој се фатени на дело“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, според партијата, само покажува дека со Заев нема да има ниту правда, ниту правна држава.

„Аболицираниот криминалец се обидува да ги ослободи од одговорност и неговите соработници криминалци. На ова се сведуваат неговите судски реформи во кои амнестија ќе добиваат криминалците од екипата на Заев, а политички прогон ќе има за сите политички неистомисленици. Со Заев нема да има ниту проверка на потекло на имот на функционери од неговата власт, затоа што ако тоа се спроведе милионски евра имот ќе се утврди дека е стекнат со организиран криминал и корупција. Ова само покажува дека Македонија со Заев ќе тоне во криминал и корупција. Ќе стане темен вилает во кој народот ќе осиромашува, а кертелот на Заев ќе се богати“, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини