ВМРО-ДПМНЕ Е ЗАЧУДЕНА Зошто СДСМ одговара во име на МВР?

СДСМ и Спасовски го поттикнуваат впечатокот за приватизирање на МВР во служба на криминалот и корупцијата, велат од опозицијата.

752

Измислиците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ја прикријат деструктивноста и неработењето на нивните градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира наводни скандали во обид да го прикрие неработењето на своите градоначалници и деструктивното дејствување во Собранието, реагираше СДСМ на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој рече дека мала, несоодветна фирма добива милионски тендери од МВР.

ВМРО-ДПМНЕ е зачудена зошто политичка партија одговара во име на МВР.






„Сепак, потврдија дека компанијата за камионски транспорт која доби 1 милион евра и ќе мести соларни панели е блиска до Спасовски. Наместо одговори и одговорност од МВР за неразумните прескапи тендери, СДСМ со флоскули го брани скандалот, со што ја потврдува партиската релација во случајот. МВР и Спасовски да одговорат дали е измислица дека фирмата„ Дон холдинг“ ДООЕЛ Скопје добила два тендери вредни еден милион евра, што лесно може да се провери? Без овие одговори и отворање на предмет во ЈО, СДСМ и Спасовски го поттикнуваат впечатокот за приватизирање на МВР во служба на криминалот и корупцијата.

Поврзани содржини