ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА КАМ МАРКЕТИТЕ Политичка нарачка за елиминација на конкуренцијата
Партијата смета дека ова е удар врз стандардот на граѓаните кои купуваат поевтино.
Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, затворањето на маркетите е направено под чудни околности.
-Под чудни околности се затвора еден од најголемите ланец на маркети каде граѓаните пазарат поевтино.ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана.Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот.Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта?- прашаа од партијата.
Оттаму додаваат и дека ова е удар врз стандардот на граѓаните.
– Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино? Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта?- прашаа од партијата.