ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАРАЏОВСКИ, ВЛАДАТА И СВАДБИТЕ Политички калкулации по цена на животот!

Оваа постапка на Владата говори дека поединци, но и целата Влада не ја слуша стручната фела, а последиците од политичките калкулации на Заев и неговите пријатели кои седат во владиниот кабинет резултира со човечки жртви, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

698

Првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во изјава за еден медиум вели  дека Владата спротивно на препораките на Комисијата дозволила свадби. Владата предводена од Зоран Заев прави што сака и тоа по цена на човечки животи. Се кара и стручната фела, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа говори дека  се неспособни, менуваат одлуки и препораки заради политички калкулации, си поигруваат со здравјето. Си поигруваат и со економијата, еднаш затвораат угостителски објекти, еднаш за да се влезе бараат сертификати, во меѓувреме секој прави што сака. Оваа постапка на Владата говори дека поединци, но и целата Влада не ја слуша стручната фела, а последиците од политичките калкулации на Заев и неговите пријатели кои седат во владиниот кабинет резултира со човечки жртви“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини