ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАНДИДАТУРИТЕ на СДСМ Тоа се стари и истрошени лица и бизнисмени со сомнително минато
Портпаролот на партијата рече дека кандидатот на СДСМ за Битола, Христо Кондоски, е дел од бизнис лобито блиско до Вице Заев, дел од групацијата СН и Стентон, чии бизнис партнери се лица кои го стопанисуваат каменоломот над Битола кој ја загадува животната средина и ѝ штети на околината.
Кандидатите на СДСМ за градоначалници се лица кои смениле и по неколку функции до сега, воопшто не се нови како што велат, многу се подмитливи и тоа се виде по неколку афери кои излегоа за нив и се луѓе со сомнително бизнис минато, изјави попладневно портпаролот на ВМРО-ДПМЕ Димче Арсовски.
Арсовски рече дека кандидатот на СДСМ за Битола, Христо Кондоски, е дел од бизнис лобито блиско до Вице Заев, дел од групацијата СН и Стентон, чии бизнис партнери се лица кои го стопанисуваат каменоломот над Битола кој ја загадува животната средина и ѝ штети на околината.
– Кандидатите за Центар, Куманово, Струмица. Замислете, СДСМ велеа дека нивните градоначалници во овие општини се едни од најуспешните, за сега со смената да признаат дека ништо не сработиле нивните досегашни градоначалници и најсмешното од се е тоа што ставаат уште понеспособни луѓе за оваа функција. Признаваат дека ништо не сработиле – рече Арсовски.
Според него, Горан Герасимовски, кој Љупчо Николовски го промовираше како нов човек за Центар е всушност стар кадар, тој е актуелен директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Арсовски, рече дека Костадин Костадинов кој е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Струмица е миленик на Заеви, кој ќе остане запаметен по низата скандали.
– Од новите кадри на Заев го гледаме и Оливер Илиевски, кој е актуелен директор на ЈП Водостопанство „Кумановско – Липковско поле“ и послушник на партиската централа во градот. Илиевски нема ниту еден проект зад себе како директор, иако неколку години го води ова јавно претпријатие, а пола Куманово зборува дека е со сомнително минато и вклучително таква најава има доколку би станал градоначалник – рече Арсовски.
Според Арсовски, кадрите на СДСМ се стари и истрошени лица и бизнисмени со сомнително минато.
– Ништо ново од СДСМ нема ни во Ѓорче Петров, таму СДСМ нема кого да поддржи, па во сигурен пораз оди со актуелниот градоначалник, кафанџијата Александар Наумоски, кој во изминативе 4 години не направи ништо за Ѓорче Петров, ја преспа својата функција, но не ја преспа дома или во канцеларија туку во кафеана и тргна по примерот на Петре Шилегов и Златко Марин, па за набавка на машини за перење на свој братучед даде десетици илјади евра. Класични криминалци – рече Арсовски.