ВМРО-ДПМНЕ: За еден мандат ќе обезбедиме 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас

Продолжувањето на животниот век на двете термоелектрани во Битола и Кичево ќе значи и зголемено производство на струја, но и поевтина струја следствено на тоа. Наш приоритет е граѓаните да добијат евтини енергенси и здрава животна средина - велат од партијата.

313

Општинските и градски власти предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат преку општински и градски претпријатија секое домаќинство да добие бесплатен приклучок на гас, а со тоа ќе се намали загаденоста на воздухот во зимските денови, бидејќи таа во голем процент е резултат на тврдите горива кои се користат за затоплување на домовите, соопшти партијата.

– Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за поевтини енергенси не застанува тука. Ќе го продолжиме животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година. Со тоа ќе спаси многу работни места, кои доколку СДСМ остане на власт ќе бидат изгубени, а илјадници ќе останат на улица без егзистенција. Продолжувањето на животниот век на двете термоелектрани во Битола и Кичево ќе значи и зголемено производство на струја, но и поевтина струја следствено на тоа. Наш приоритет е граѓаните да добијат евтини енергенси и здрава животна средина. Време е за Македонија за сите луѓе – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини