ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ ВО 54 ОПШТИНИ Податоци на ДИК од обработени 79,44 % од гласовите
Коалицијата Вреди води во 8 општини, СДСМ води во 8 општини, ДУИ води во 5, а Демократска партија на Турците во 1 општина.
54 кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во водство во првиот круг од локалните избори, според обработени 79,44 проценти од гласовите од страна на Државната изборна комисија.
Коалицијата Вреди води во 8 општини, СДСМ води во 8 општини, ДУИ води во 5, а Демократска партија на Турците во 1 општина.
Овие податоци се од обработени 2.896 од 3.474 избирачки места.