ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ ПРЕД СДСМ СО 7:1 Граѓаните очекуваат грандиозна победа на владејачката коалиција на локалните избори
Септемвриската анкета на Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека изненадувања нема - тоа што СДСМ и понатаму тоне и не е изненадување. Коалицијата предводена од ДУИ и Вреди водат „мртва трка“.
Последната телефонска анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, направена на потребите на МРТ во септември, во која се анкетирани се 1.000 испитаници, покажува огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во пресрет на претстојните локални избори.
На прашањето „За тоа која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори“, 28,1% од испитаниците одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, за Национална алијанса за интеграција се изјасниле 8,8%, за коалиција Вреди 8.1%, СДСМ има само 4%, Левица 2.4%, а за ЗНАМ се изјасниле 2,3% од испитаниците.
На прашањето, „Која политичка опција сметате дека најдобро би се справила со проблемите во вашата општина?“, за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 23,6% од испитаниците, за Национална алијанса за интеграција 9,1%, за коалицијата Вреди 9%, за СДСМ 4,8%, за Левица 3,1%, и за ЗНАМ 2,4%.