ВМРО-ДПМНЕ ВО УБЕДЛИВО ВОДСТВО ПРЕД СДСМ Според анкетата, Кастриот Реџепи зел пари за да не гласа
Резултатите покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од 7.2 отсто, преовладува мислењето(25 отсто) дека негласањето на Кастриот Реџепи е затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа, мнозинството на граѓаните, високи 57 отсто сметаат дека државата се движи во погрешна насока, како и дека најголемиот број од граѓаните(44.2 отсто) сметаат дека излезот се брзи предвремени парламентарни избори.
За потребите на ВМРО-ДПМНЕ, Агенцијата ИПСОС од 12 ти до 30 ноември 2021 година спроведе теренска анкета на територијата на целата држава, на стратифициран репрезентативен примерок од 1 010 испитаници.
На кусо, резултатите покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од 7.2 отсто, преовладува мислењето(25 отсто) дека негласањето на Кастриот Реџепи е затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа, мнозинството на граѓаните, високи 57 отсто сметаат дека државата се движи во погрешна насока, како и дека најголемиот број од граѓаните(44.2 отсто) сметаат дека излезот се брзи предвремени парламентарни избори.
Во моментов ВМРО-ДПМНЕ располага со комотна предност пред СДСМ. На прашањето доколку утре се оддржат предвремени парламентарни избори и на тие избори би се кандидирале само партии, а не коалиции за кого би гласале, најголемиот дел од испитаниците, вкупно 22,5 отсто јавно ја истакнале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ се определиле 15,3 отсто од анкетираните, додека во Топ 5 се уште и ДУИ(7,3 отсто), Левица(5,2 отсто) и Алијанса (3,5 отсто). Следуваат помалите политички партии кои на избори како по правило излегуваат во коалиција со поголемите и нивните рејтинзи се занемарливи.
Интересен е резултатот добиен од одговорите на прашањето – дали според вас отсуството на пратеникот Кастриот Реџепи беше?
Опцијата за одговор – затоа што беше киднапиран и приморан од коалицијата СДСМ-ДУИ, ја одбрале 13 отсто од испитаниците. Околу 17 отсто сметаат дека тој навистина верува во својот ФБ статус, дека државата ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе се реши спорот со Бугарија. Најголемиот дел од анкетираните(26 отсто) граѓани го одбрале понудениот одговор – затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа.
Вкупно 31 отсто од испитаниците сметаат дека државата се движи во правилна насока, додека обратно мислење имаат 57 отсто. За предвремени избори се 44,2 отсто, додека против се 38,8 отсто.