ВМРО-ДПМНЕ: Во последниве 7 дена во Македонија има најмногу заразени и починати од ковид-19 во регионот

Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно.

298

Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена:






Македонија  4,73 отсто, Бугарија  2,52 отсто, Србија 1,62 отсто, Хрватска  0,21 отсто, Грција  0,14 отсто, Црна Гора  0 отсто.

Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно.

Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена: Македонија  91, Бугарија  31, Србија 85, Хрватска 4, Грција  4, Црна Гора 0, Албанија 33.

Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно.

Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители  во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот: Македонија  8, Бугарија  2, Србија 2, Хрватска,  Грција 1, Црна Гора 0, Албанија 1.

– Најмногу починати лица. Повеќе починати на 1 милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно. Катастрофалната состојба со справување на корона вирусот во Македонија продолжува.Сето ова оди на нечистата совест на Зоран Заев, соопшти партијата.

 

Поврзани содржини