ВМРО-ДПМНЕ ВО АНКЕТИТЕ ВОДИ ПРЕД СДСМ СО 2:1 Ковачевски не може да состави коалиција за опстанок на власт?

Опозициската партија ги брифираше новинарите за последните анкети и проекции за ноември, за можните резултати на изборите во 2024 година.

1,236

Според теренските и телефонските анкети за ноември, при очекувана излезност од 900.000 избирачи, актуелната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ би освоила 51 до 54 пратенички мандати на претстојните парламентарни избори во 2024 година.

Проекцијата е дека актуелната коалиција предводена од СДСМ би освоила меѓу 26 и 29 пратенички места. СДСМ во коалиција со ДУИ, Алијанса и со ДПА би располагал со 41 до 43 мандати.






Партиите Левица и ЗНАМ заедно во ноември тежеле” вкупно 12 пратенички мандати.
Алијанса на Албанците, доколу би одела сама на изборите, би освоила 3 мандати. Коалицијата на Беса, на Алтернатива и на партијата на Изет Меџити би освоила 10 мандати. Тоа значи дека ДУИ, доколку настапи сама, би освоила најмногу 14 мандати.

Поголема излезност од проектираната ѝ одговара на македонската опозиција, но не и на албанската опозиција.

 

Поврзани содржини