ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја труе Македонија четири години со отровен мазут, а го затворија Југохром
Вмешани се Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Министерството и инспекторатот за животна средина, и Министерството за економија. Цела плејада на државни институции се исповрзани и вградени во мрежата со која се дозволува увоз на штетен, отровен мазут и негово согорување.
Внесувањето на отпаден мазут, и неговото регистрирање при царинење во земјата како мазут за употреба во индустријата и домаќинствата е организиран криминал од најголеми размери, кој не е возможен без знаење на врвот на власта, смета ВМРО-ДПМНЕ.
– Вмешани се Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Министерството и инспекторатот за животна средина, и Министерството за економија. Цела плејада на државни институции се исповрзани и вградени во мрежата со која се дозволува увоз на штетен, отровен мазут и негово согорување во печките на фабриките и институциите во Македонија, пред сè одредени клиники кои се под Филипче како министер за здравство. Систематски е труена нацијата. Во истовреме Југохром кој не користеше мазут е затворен, само заради политичка одмазда. И неколку години по затворањето на Југохром Тетово и Скопје се повторни загадени. Се гледа дека Југохром не бил проблемот, а сега гледаме и што точно бил проблемот односно загадувачот. Загадувачот е отровниот мазут кој согорува во македонските институции и индустриски капацитет со амин на власта – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата го повикуваат Заев да излезе и да каже зошто е дозволено четири години да се согорува отровен мазут и да се труе цела држава? Зошто се молчи од страна на институциите четири години? Кој наредил редица институции да постапуваат во иста незаконска линија и да го овозможуваат труењето?