ВМРО-ДПМНЕ: Владата лаже дека во стопанството завршиле 850.000.000 евра поддршка

Опозициската партија тврди дека кај стопанството и граѓаните завршиле само 350.000.000 евра државна помош.

181

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поддршката што владата му ја дала на стопанството преку мерките е три пати помала од онаа којашто ја прикажува владата од 850.000.000 евра.

Опозициската партија тврди дека кај стопанството и граѓаните завршиле само 350 .000.000 евра, а за тоа показател за недоволната помош се и 60.000 луѓе останати без работа, а 6.200 фирми се затворени.






– Со СДСМ над половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден.Зоран Заев ја задолжува државата, а народот живее во сиромаштија не а никаков развој. СДСМ постојано го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека ја презадолжува државата а притоа долгот беше околу 45% од БДП. Денес долгот е 62,5 %. Од 2006 до 2016 зголемувањето на јавниот долг е за 2,9 милијарди, но во исто време додадената вредност било 4,2 милијарди раст на БДП. Во време на владеење на СДСМ имаме зголемување на долгот за 2,5 милијарди, а растот на БДП од 1,8 милијарди односно имаме минус -велат од партијата..

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ рапидно се задолжува и ја доведува под знак прашалник и ликвидноста на државата, тоа е базична неспособност и раскалашеност.

Поврзани содржини