ВМРО-ДПМНЕ: Вистинскиот монструм во „Монструм“ е Зоран Заев
Заев, каде ќе ти оди душата, што манипулираше за да шириш омраза и намерно пласираше лажни вести за политички бенефит?, се вели во партиското соопштение.
Вистинскиот монструм во случајот „Монструм“ е Заев, брутален лажго и крвопиец на туѓата несреќа, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Заев лажеше за случајот само за да ги задоволи своите политички амбиции и политички потреби. Тој си играше со чувствата на фамилиите на загинатите во Смилковско, но и со чувствата на сите граѓани. Цела јавност се сеќава на неговите лажни изјави дека ‘невини луѓе лежат во затвор за Смилковско‘, како и инсинуациите дека поседува докази за овој случај. Монструозното лажење исто како за Никола Младенов, Мартин Нешковски и за Смилковско е доказ дека Заев бескрупулозно злоупотребува трагедии само за партиски цели. Бедно и грозно политичкиот монструм Заев ја искористи болката и трагедијата на семејствата на настраданите само за да дојде на власт. Заев, каде ќе ти оди душата, што манипулираше за да шириш омраза и намерно пласираше лажни вести за политички бенефит?“, се вели во соопштението.