ВМРО-ДПМНЕ ВЕЛИ ДЕКА СТРАВОТ Е ЗА ГУБЕЊЕ ТЕНДЕРИ СДСМ ги плаши граѓаните со лепење етикети

520

СДСМ само ги плаши граѓаните со лепење етикети на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата и повторно нагласуваат дека е формирано мнозинство за пад на владата на Зоран Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кои се бориме и кои ќе ги применуваме. СДСМ ги плаши граѓаните со лепење на етикети на ВМРО-ДПМНЕ, но реалноста е дека СДСМ се плашат само да не ја загубат фотелјата. Борбата на СДСМ е за криминал и тендери“, се наведува во соопштението.






Од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека ќе се обидат да формираат влада, но доколку таа не гарантира дека може да се спроведат потребните реформи, тогаш треба да се оди на предвремени парламентарни избори

Поврзани содржини